-„Денес, на закажаното Вонредно изборно собрание на ДПМ, откако Собранието беше отворено, се пристапи кон избор на Верификациона комисија. Откако се констатираше бројот на присутните членови, беше заклучено дека од вкупно 286 члена на ДПМ, беа присутни 73 члена, а за кворум за работа на седницата потребни беа 96 члена. Според тоа, на Вонредното изборно собрание на ДПМ немаше кворум за работа на седницата“.
Ова, го соопшти ДПМ, отако, не беше обезбеден кворум и беше откажано Вонредно изборно собрание на Друштвото на писатели на Македонија (ДПМ), на кое требаше да се избере претседател на писателската асоцијација и претседател на Собранието на ДПМ.
И дотука, се би било во ред, или, барем, би имало некоја елементарна логика. Наизглед е така, ама гаволот нит ора, нит копа?
Во случајов гаволот да ти бил скриен во кворумот.
Имено, како е можно, сите членови на потесното раководство, Претседателството, да поднесат оставки во прилог, поточно како ЗАЛОГ за смена на досегашното и избор на ново раководство, а да не можат да соберат стотина гласачи!?
Каде се стопи стопроцентното единство, ако намерите биле чесни, принципиелни и државнички, а не поради лични суети, и одмазднички?
Не требаше долго да се чека.
Се јави со лично соопштние Иван Антоновски, човекот мирудија во оваа манџа. Претходно одреден кандидат за позиција во новиот уќумат на ДПМ- претседател на Собранието..
Тој ни кажува дека манџата ја варел Христо Петрески, со својата партнерка во танго-плесот, Кристина Николовска, но, не ни кажува која е неговата партнерка!?
Николовска е претседателка на Собранието, а позната е и како нова директорка на Семинарот за македонски јазик, култура и литература во Охрид.
Непознатата партнеркаа во танго – плесот на Антоновски, пак, позната е и како бивша, односно. тазе сменета директорка на Семинарот!!!
Антоновски ни кажува дека Христо и Христина играле нефер, подгазувале со штиклите, опструирале, не дозволувале да гласаат и поетите на привремена работа во странство, а Бујар, зафатен со ОБСЕ, не ги отворил навреме гласачките места по ДКП-ата!!!
Всушност, Антоновски ништо не ни кажува.
Го избриша кажувањето!!!
Причина?
Најверојатно, турил премногу мирудија во манџата!!!!
Да, во виното е вистината!!!!!
Веле Митаноски