Штипскиот уметник, сликарот Боре Минов онлајн подучува деца и возрасни во Дубаи

Штип, 11.08.2025

Десеттина деца во Дубаи навлегуваат во тајните на сликарството изучувајќи ја тајната на убавата уметност од познатиот штипски и македонски уметник Боре Минов кој во центарот на Штип ја има престижната уметничка галерија Колорис АМ која е и најголемата училница за сликарство за деца во Источниот регион.

-Пред околу еден месец остварив соработка со Тренинг центар за поголем број науки, меѓу кои и за сликарство за напредни деца и возрасни во Дубаи. До соработката дојде преку наш Македонец кој живее таму, а го знае моето атеље и мојата посветеност кон децата и младите за навлегувањње во тајните на оваа уметност. По неколку разговори на кои ги договаравме деталите направивме договор со потпис од двете страни и работата тргна.

Уметникот Минов во определено време од денот он лајн им предава на децата техники на сликање, и ги следи реакциите на неговите, во моментов десетмина ученици.

-Имаме основен курс за деца но и за возрасни како и напреден за двете возрасни групи, но за сега работиме само со децата. Во моето студио сме тројца, покрај мене е и специјалист по компјутерски техники, презентер на англиски јазик и јас како сликар и координатор. Имаме неделно часови во траење од 90 минути и за сега работата оди добро, децата низ забава учат да сликаат што мене ми беше најважна цел, посочува Боре Минов.

Тој има договор со Ace Gen,лиценциран центар за науки во Дубаи кој е во сопственост на Gerrul Gaid, koja е и позната актерка во Боливуд.

-Сопстве ничката на  Ace Gen ме покани да го посетам нејзиниот Тренинг центар во Дубаи, да се видам со децата и да договориме соработка од поголем формат. Веројатно наскоро ќе имам средба со моите ученици на далечина, и со сопственичката ќе договориме нови форми на поширока соработка, вели Минов.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

Istok Press