ДИК: Излезноста на локалните избори до 18:30 часот е 46,65 отсто

До 18.30 часот на локалните избори излегле 46,65 отсто од запишаните гласачи, информираше Државната изборна комисија.

„Последниот одзив е до 18:30 часот, одзивот на ниво на државата изнесува 46,65 отсто, односно излегле да гласаат 803.091 граѓанин, од 94,62 отсто од обработените избирачки места“, изјави Борис Кондарко.

„Во споредба на локалните избори во 2021 година, вкупниот одзив изнесувал 49,98 отсто“, додаде Кондарко.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

Istok Press