ВИНИЦА: Завршија едукативните часови во рамките на фестивалот „Ин Виница веритас“

Виница, 31.10.2025

Со денешната Сатирична работилница за деца, која се одржа во ООУ ,,Гоце Делчев” Виница, а во организација на Домот на културата ,Тошо Арсов” Виница, во рамките на Меѓународниот фестивал за хумор, сатира и карикатура ,,Ин Виница веритас”, завршија едукативните часови предвидени со овој проект кој е подржан од Министерството за култура и туризам на Република Македонија.

Менторите Миле Ѓорѓијоски, кој ги подучување децата како се пишуваат детски афоризми и епиграми и Софија Ситновска како истите да се илустрираат одржаа часови во Делчево, Македонска Каменица, Крива Паланка, Радовиш, Охрид Кичево и Кочани. Иако не беа предвидени со проектот поради искажаните интереси едукативни часови се одржаа и во Гостивар и Виница. Деновиве стигнаа понуди и за одржување на Сатирични работилници за деца и за во други градови, кои ќе се реализираат до крајот на оваа година.

Од најдобрите илустрации на децата учесници во овие работилници ќе се издаде сликовница, а ќе се направат и изложби од најуспешните илустрации.

Миле Ѓорѓијоски и Софија Ситновска, веќе ја подготвија и најновата сликовница од едицијата ,,Палави афоризмичиња” ,,Умни палавковци”, која треба наскоро да излезе од печат.

Треба да се напомене дека во рамките на работилницата децата се запознаваа и со глаголицата за што покажаа голем интерес.

Без разлика што овој проект официјално е завршен поради големиот интерес едукативните часови за пишување и илустрирање на детски афоризми и епиграми ќе продолжат.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

Istok Press