Сончево претпладне, попладне зголемена облачност, температури до 17 степени

Под влијание на стабилни временски услови, денот започнува со сончеви интервали и умерена облачност, додека во некои котлински подрачја можно е краткотрајно задржување на магла. Од УХМР информираат дека ваквата слика ќе доминира во претпладневните часови, пред постепено зголемување на облачноста во текот на попладнето.

Ќе се чувствува слаб до умерен јужен ветер, кој ќе придонесе за релативно пријатни температури за овој период од годината. Утринските вредности ќе се спуштат меѓу -2 и 5 степени, додека дневниот максимум ќе се искачи во интервал од 11 до 17 степени Целзиусови.

Во главниот град се очекува речиси идентична слика, мирно и претежно сончево претпладне, по што следува променлива облачност со повремени сончеви проблесоци. Температурата во Скопје ќе достигне до 17 степени, проследена со умерен јужен ветер.

Прогнозите за следните денови најавуваат продолжување на стабилното и релативно топло време, со мала до умерена облачност. Краткотраен прекин на ваквиот тренд се очекува утре, кога во одделни подрачја ќе има повремени локални врнежи од дожд.

Во четврток, пак, во котлинските предели повторно ќе се создадат услови за појава на слаба утринска магла, карактеристична за мирни и посвежи утра.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

Istok Press