Натпреварот меѓу Крузеиро и Атлетико Минеира во бразислкото првенство се претвори во целосен хаос откако масовна тепачка меѓу играчите го шокираше фудбалскиот свет. Сè започна во последните секунди од натпреварот. Домашниот играч Кристијан направи груб старт врз голманот на Атлетико, Еверсон. Голманот потоа реагираше бурно – стапна врз противникот и го шутна, што беше повод за целосен хаос на теренот.
За неколку моменти, избувна масовна тепачка. Играчите се удираа и клоцаа меѓусебно, а ситуацијата беше целосно надвор од контрола. Никој на теренот не можеше да ги смири страстите. Меѓу најагресивните беше искусниот напаѓач на Атлетико, Хулк. Во еден момент го удри Лукас Ромеро одзади, но набрзо се најде во средината на борбата и прими неколку удари.
Сцените што се одвиваа на теренот изгледаа сосема нереални.
Финалето на државното првенство во Минас Жераис отсекогаш било познато по своето жестоко соперништво, но сцени како оваа далеку ги надминаа границите на спортското натпреварување.
