Пелистер утре ги пушта во продажба билетите за големото дерби со Вардар

Во недела не очекува големото ракометно дерби во домашното првенство. Во Битола актуелниот шампион Е. Пелистер го пречекува лидерот Вардар во меч кој може да биде и пресуден за двата тима во трката за шампионската титула.

Од редовите на „зелено-белите“ објавија дека од утре стартува продажбата на билетите за големото дерби. Истите ќе се продаваат преку клупскиот портал kartieurofarm.mk и на уште неколкку локаци во градот. Продажбата ќе стартува утре од 13:30 часот.

Натпреварот во недела е закажан со почеток од 19 часот во салата „Боро Чурлевски“ во Битола.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

Istok Press