Штипска Брегалница најави нов сопственик, најверојатно од Германија

Штип, 22.05.2026

ФК Брегалница – Штип, пред последеното коло од Втората македонска фудбалска лига со кое се очекува сигурно да ја завери позицијата на нов прволигаш добива нов сопственик.

Денеска во просториите на клубот ова, на прес конференција, го соопшти  градоначалникот Иван Јорданов кој притоа потврди дека Општината е во завршна фаза од преговорите со заинтересираниот странски инвеститор.

„Интензивно комуницираме со заинтересираниот спонзор, кој веќе ги има посетено Штип и Брегалница. Тој е информиран за сè во клубот. Разговараме во насока во носење одлука на следната седница на Советот на општина Штип за продажба на 51% од акциите на клубот. Јас верувам дека ова ќе се случи и дека ќе имаме еден вистински партнер кој ќе го трасира патот на Брегалница со многу успеси во иднина. Но, прво да ја завршиме задачата оваа сезона и да го обезбедиме пласманот во ПМФЛ“, рече Јорданов.

Името на новиот сопственик на Брегалница ќе се дознае следната седмица, а се шпекулира дека истиот доаѓа од Германија и дека веќе раководи со еден фудбалски клуб.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

Istok Press