Јетон Беќири е веќе минато на клупата на тетовска Шкендија откако клубот по европските височини и историските резултати во Конференциската лига на УЕФА се урна во домашниот шампионат каде ја загуби битката за титулата со Вардар но и финалето од Купот на Македонија со Силекс.
Вчера беше разделбата со поранешниот шеф а веќе во истиот момент почна потрагата по нов шеф на клупата на „црвено-црните“. Благоја Милевски е првиот пик за наследник на Јетон Беќири и името на поранешниот селектор се споменува со денови низ фудбалските кулоари како можен нов предводник на клубот од Тетово. Иако двете страни ништо не коментираат на оваа тема јасно е дека Шкендија ќе мора да ангажира звучно и докажено тренерско име кое би го изгасил пожарот во клубот.
Југослав Тренчовски е исто така името за кое се зборува во Шкендија. Тренерот кој се раздели со словенечкиот тим Радомље, зад себе има извонредна сезона со споменатиот мал клуб од оваа земја. Иако има понуди од реномирани екипи од регионов, Тренчовски сепак би можел да седне на клупата на Шкендија ако нема договор со Благоја Милевски.
Арсим Тачи е опцијата од Косово
