Ново на Пониква беа изложени над 200 автомобили

Кочани, 13.07.2026

Груп кочанчани вчера, на локалитетот Аеродром на туристичкиот центар Пониква на Осоговските планини, организира изложба на преку 200 автомобили од разни марки, старосни години, производители. Сопственици на автомобилите се од Македонија и од Србија.

Координатор на овој уникатен настан кој е и во служба на промоција на туризмот на овој туристички локалитет во Источниот регион на државата беше Александар Митрев. Тој потенцира дека се изложени спортски и уникатни возила, олдтајмери и специјално модифицирани проекти. Изложбата посветува внимание и на учеството на дамите во автомобилската сцена, со посебна категорија што го истакнува нивниот стил, посветеност и креативност во уредувањето на возилата.

– Сакам искрено да им честитам на организаторите за идејата, ентузијазмот и за трудот што го вложија за овој настан да стане реалност. Општина Кочани ќе продолжи да ги поддржува иницијативите што го збогатуваат општествениот живот, го промовираат нашиот град и создаваат нови можности за дружење, туризам и развој, особено овде, на Осоговските Планини – изјави градоначалникот Владко Грозданов.

Покрај изложбениот дел беа организирани и други активности и натпревари, со цел да се создаде динамична и атрактивна атмосфера за сите посетители и учесници, а најуспешните модели беа наградени.

Организаторите истакнаа дека настанот е израз на длабоката љубов кон автомобилите на нивни другари кои трагично ги загубија животите во пожарот на 16 март 2025 година, а посетеноста и бројот на учесниците се доказ дека автомобилската култура и заедништвото имаат силна поддршка во Кочани.

                                                                (Извор: Независен.мк)

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

Istok Press