Дваесет и седум лица се убиени во ноќен напад со беспилотно летало врз Киев.
Гувернерот Тимур Ткаченко рече дека уште 42 лица, меѓу кои и четири деца, биле повредени во рускиот напад врз населбата Буча. Уште 380 лица се евакуирани, објави Би-Би-Си.
Операциите за пребарување и спасување беа во тек рано во саботата, додека службите за итни случаи ги проверуваа зградите за штети.
Ткаченко подоцна додаде дека 14-годишник бил убиен во одделен напад во областа Бориспиљ.
„Ова е уште една жртва на рускиот терор“, рече тој.
Претседателот Володимир Зеленски изрази сочувство до семејствата на жртвите, велејќи дека повеќе од 300 екипи за итни случаи се распоредени во зоната на удар.
Зеленски, исто така, извести за дополнителни напади преку ноќ во регионите Одеса, Днепропетровск, Суми и Запорожје.
„Украина не може да биде сама во наоѓањето решенија за заштита од вакви напади и им се заблагодарувам на сите што помагаат со дополнителни пакети за поддршка и санкции против Русија“, напиша тој на Телеграм.
Украинската армија соопшти дека соборила 233 руски беспилотни летала (БЛН) во текот на ноќта кон саботата.
