Пехчевец се заканувал на сопругата, кочанчанец возел без положен возачки испит, делчевец управувал автомобил со 2,22 промили алкохол во крвта..
Штип, 18.09.2026
Билтенот на СВР Штип за денес соопштува:
На 17.09.2026 во 15:00 часот во ОВР Берово, 20-годишна жена од Пехчево пријави дека нејзиниот сопруг Б.П.(20) од Пехчево подолг временски период агресивно се однесувал и ѝ се заканувал. За настанот е известен јавен обвинител и по негово целосно документирање ќе следува соодветна пријава.
На 17.09.2026 во ОВР Берово е пријавено дека околу 00:30 часот пред угостителски објект во с.Двориште, беровско, Н.М.(28) од с.Двориште физички го нападнал И.И.(49) од с.Бели, кочанско, откако претходно И.И. кршел шишиња и непристојно се однесувал во објектот. По целосно документирање на настанот ќе следува соодветна пријава.
На 17.09.2026 во 15:45 часот во Кочани, полициски службеници од ОВР Кочани го лишија од слобода И.Ѓ.(42) од Кочани. При сообраќајна контрола на ул.„Тодосија Паунов“ во Кочани, полициските службеници сопреле патничко возило „шкода“ со кочански регистерски ознаки, кое тој го управувал пред да се стекне со право на управување на моторно возило. За настанот е известен јавен обвинител, а по целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.
На 17.09.2026 во 23:00 часот во Делчево, полициски службеници од ОВР Делчево го лишија од слобода Д.Ј.(39) од Делчево. При сообраќајна контрола на булевар „Македонија“ во Делчево, полициските службеници сопреле патничко возило „бмв“ со делчевски регистарски ознаки, кое тој го управувал под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,22 промили алкохол во организмот. За настанот е известен јавен обвинител, а по целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.
На 17.09.2026 околу 14:32 часот во СВР Штип е пријавено дека на крстосницата од ул.„Сремски Фронт“ со ул.„Борис Крајгер“ во Штип, 59-годишниот Н.С. од Штип, управувајќи мопед со штипски регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал, при што се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиника болница Штип. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Штип.
