Македонија се наоѓа на првото место во светот според процентот на возрасното население кое пуши, според анализа објавена од „World of Statistics“.
Според податоците прикажани во анализата, 39 отсто од возрасното население во Македонија се пушачи, со што земјата е на врвот на листата на пет држави со највисок удел на пушачи.
На второто место е Либан со 37 отсто, следи Бугарија со 36 отсто, додека Србија исто така има 36 отсто. На петтото место е Црна Гора со 34 отсто.
Податоците се однесуваат на процентот од возрасната популација што пуши, а анализата е претставена преку графика на „World of Statistics“, која како извор ја наведува својата статистичка анализа.
Според прикажаната листа:
Со тоа, според оваа анализа, Македонија е единствената земја во листата каде уделот на пушачи меѓу возрасните е над 38 проценти.
…
