Промоции, изложби, поетско-музички перформанси, почнува „Поетски слем Македонија“

Националниот „Поетски слем Македонија“ 2026 годинава по 16-ти пат ќе се одржува во Прилеп и ќе трае од 8 до 11 октомври.

Литературната манифестација е во организација на Театарска работилница – Прилеп, а ќе се отвори утре во 18:30 часот во галеријата НУЦК „Марко Цепенков“ со изложба на ДЛУМ-Битола. На истата локација ќе се одржи и поетската монодрама „Лидија или сѐ што знам за жените“, со почеток во 20 часот.

Оваа година, за титулата национален претставник, ќе се натпреваруваат дваесетина учесници и учеснички од различни возрасти и со уникатни стилови на изразување и творење, кои доаѓаат од цела Македонија. Учесници се Бобан Богатиновски, Лиле Јовановска, Тања Кузманоска, Билјана Павлеска, Виктор Спасески, Жане Гудеска, Јулијана Маринковиќ, Маја Малиновска, Марија Грубор, Наталија Наумовска Велковска, Стефанија Граовац, Тони Павлески, Лилјана Сливоска, Елена Пренџова, Игор Трпчески.

Годинава директно во финаленото влегоа Валерија Дамчевска, Матеј Петров и Јован Лешев, кои добија најмногу бодови на настанот по повод Светскиот ден на слемот, кој се одржа на 26 септември во Скопје.

Специјални гости годинава се поетесите Елијане Лусија Леонардо Бутелане и Наташа Сокре од Мозамбик, Африка.

На девети октомври во кафулето „Долапче“ со почеток во 18 часот ќе се одржи промоција на збирка поезија на хаику, хаига и задачи за креативно пишување од Елена Пренџова, а промоторка ќе биде Катарина Фиаменго од Србија. Потоа, во клубот „Дипломатик“ со почеток во 19 часот ќе се одржат промоции на две збирки поезија од авторките Александра Јуруковска и Сузана Мицевска, а промотор ќе биде Звонко Димоски.

Во киното „Мис Стон’ со почеток во 20 часот ќе настапат специјалните гостинки од Мозамбик – Африка, Елијане Бутелане и Наташа Сокре, а после нивниот настап на истата локација ќе се одржи полуфиналето во слем.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе