МАРИЧИЌ: Kазнено поправниот дом – Штип е пример како треба постојано да се унапредуваат условите и третманот на затворениците

Штип, 30.11.2020

Бојан Маричиќ, министер за правда, дернес беше во посета на Казнено поправниот дом Штип. Откако направи увид во состојбата на оваа установа, министерот рече дека КПД Штип е пример како постојано треба да се унапредуваат условите и третманот на затворениците и како општеството може да помогне во нивната рехабилитација и ресоцијализација.

Во однос на условите од пред три и пол години и каде е оваа установа денеска, Маричиќ посочи дека има голема разлика, и тоа не само во инфраструктурата, туку и во техничките услови и третманот на осудените лица.

– Ова е КПД, кој што прв во Југоисточна Европа има детско катче, во кое се предвидени редовни посети на децата на осудениет лица, кои што може да комуницираат со своите родители во еден нормален амбиент. Тоа детско катче е многу важно за нивниот психолошки и емоционален развој, но и за рехабилитација и ресоцијализација на затворениците. Тоа е направено со заеднички напори на КПД Штип и Советот на Европа и ЕУ, изјави Маричиќ.

Во рамки на КПД Штип, рече Маричиќ, е направена и нова библиотека, која служи и како училница.

– Таму редовно се посетува настава на осуденици кои се заинтересирани да го докомплетираат своето образование. Има и можности за стручно усовршување на одредени занаети, како заварувачи и готвачи. Нешто што може практично да им помогне во процесот на рехабилитација и после престојот тука да може да најдат работа, изјави Маричиќ.

Во однос на состојбата со Кovid-19 во КПД Штип, Маричиќ рече дека се постапува по утврдените протоколи и нема ниту еден заболен затвореник, освен двајца вработени, кои не одат на работа.

Постави коментар

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе