Берово, 2.03.2021
Берово со измерена температура од -12 степени изутринава во 7 часот е најстуденото место во државата. По него следуваат Попова Шапка на која се измерени -11, па во Маврови Анови -10 степени.Тоа се трите најстудени места во Македонија изутринава.
Осум степени под нулата се регистрирани во Крива Паланка, -7 Крушево, -6 Претор и Прилеп, -5 Охрид, Штип, Виница и Струмица, -4 Битола и Дебар, -3 Тетово, Скопје-Петровец и Куманово, -2 Демир Капија и Скопје-Зајчев Рид, 0 во Дојран и Гевгелија. Снежна покривка од 38 сантиметри има во Ѓуриште, 35 Маврови Анови, 27 Крушево, 20 Пожаране, 16 Тополчани и Попова Шапка, 6 Претор, 5 Прилеп, 3 Берово и од 2 сантиметри во Битола.
Управата за хидрометеоролошки работи информира дека времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена, а во источните делови повремено и значителна облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, поизразен во Повардарието. Максималната температура ќе биде во интервал од 4 до 12 степени. Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и слаб до умерен северен ветер. Максималната температура ќе достигне до 8 степени.