ПРОБИШТИП: Комунално возило од 60.890 евра од Јапонија за Градот на рударите

Пробиштип, 21.07.2021

Денес Такахаши Сатору, заменик шеф на мисијата на Амбасадата на Јапонија во РСМ, присуствуваше на церемонијата по повод успешно завршениот проект за обезбедување на комунално возило на Општина Пробиштип во вкупна вредност од 60.890 евра.

Домаќини на завршната церемонија беа градоначалникот на Пробиштип  Драган Анастасов и директорот на Јавното комунално претпријатие „Никола Карев“, Драган Ристовски.

За време на посетата, заменик шефот на мисијата на Амбасадата на Јапонија г. Такахаши и Градоначалникот Анастасов одржаа состанок на кој одлучија да ја продолжат соработката помеѓу Амбасадата на Јапонија во нашата држава и Општина Пробиштип.

Во име на јапонскиот народ, Такахаши Сатору изрази благодарност до граѓаните на Пробиштип за нивното пријателство.

Преку програмата за мали грантови (GGP), Јапонија финансира проекти за реновирање и обезбедување опрема за повеќе од 70 училишта и градинки, 57 здравствени установи и обезбеди 31 возило за одржување и комунални возила за 49 општини.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе