Сето ова, што ни го прави официјална Софија, а на што, силната пропаганда, ги наведе да наседнат и многу чесни, обични грагани – сеедно дали се Бугари по род, или Македонци во Бугарија, на запад, изгледа толку ирационално, измислено, изнасилено, смешно…
Ќе се обидам да го објаснам тоа на еден неконвенционален начин. Преку погледот на еден Холанганец, со интернационални видици, а и самиот Бугарин по дедовски корен. Но, тоа не му пречи со нас да разговара со импресивен фонд македонски освоени зборови.
Исто така, во неговата колекција музички материјали, има колку бугарски, толку и македонски нумери, ако не и повеќе.
Се сретнавме, летово, во Охрид. Владо Суклоски, познат туристички работник, мој дебрчанец по потекло, од Белчишта, ми пренсе дека, со мене сака да се сретна холандска двојка. Повод: сеќавање кон Мишо Јузмески, рано починат сестран ерудит од Охрид, исто така, туристички тработник-полиглот, но и основач на “Култура 365”, катче во кое е сместен и Музејот на најплодниот холандски писател А. ден Долард, авторот на “Свадбата на седумте цигани”, кај нас издадена како “Свадба во Охрид “, со охридска и македонска тематика, човек кој, во минатиот век, ги афирмираше Охрид, но и посебноста на македонската нација и јазик.
-Ги запознав уште 1985 година, во хотел Инекс-Горица, како гости на тогаш Хотелплан, денес TUI операторот. Тогаш беа на екскурзија во Мавровскиот регион и манастирот Св.Јован Бигорски, од што беа воодушевени. Потоа се случи јас да работам во Холандија, три години, кога се дружевме поинтензивно. При еден престој во нивниот дом видов цели зидови и плакари со грамофонски плочи. Пушеше на луле, како во транс слушаше македонска музика. Врската ни продолжи и по моето враќање во Охрид, каде дојдоа барем дваесетина пати, некогаш по два-три пати годишно. Годинава, ми се јавија од Лерин, од каде ги зедов, останаа три дена во Охрид, при што го посетија Музејот на А.ден Долард. Вистински амбасадори на Македонија како држава, на нашата култура и традиции. Кон вакви личности, со поголем респект и внимание, треба да се однесуваат и нашите официјални институции, вели Владо Суклоски.
Брачната двојка, госпоѓа Аннемик ден Уијл и господин Петар Ендендијк се речиси натурализирани охригани, но и грагани на светот. За да не ви објаснувам премногу, ви ги препорачувам нивниот сајт: www.tradmusictrails.com, но и мејл адресата: collection@tradmusictrails.com.
Нивната љубов кон Македонија, Балканот и човештвото, ќе ви ја пренесат преу нивната љубезност. Кој и да посака. Од нашата постара генерација интерпретатори на македонска народна музика, посебно биле блиски со Кочо Петровски и Вања Лазарова, а од помладата генерација со Џорлев.
На нивниот сајт достапна ви е целокупната “The Endendijk Collection“, збирка на народна и традиционална музика од Западна Европа до Централна Азија, како што велат, “со силен акцент” на Балканот. Вклучува и снимки од: Блискиот Исток, Северна Африка и Јужна Азија. Преглед на колекцијата може да се најде под менито „Колекција“. Ова се претежно комерцијално произведени албуми. Колекцијата вклучува и некои снимки снимени за време на патувањата што ги направиле. Тоа се илјадници и илјадници, полни соби музички и етно материјал. Кратко да ги претставам:
Госпога Аннемик е родена 1950 година во местото Гауда, Холандија. Се образувала да биде професорка по физичко образование, професија која ја практикувала до 1990 година. Но, завршила и студии по информатичка технологија и започнала кариера во Холандскиот метеоролошки институт (KNMI). Мегу другоото, беше одговорна за собирање метеоролошки податоци, од аспект на воздушниот сообраќај и го претставуваше KNMI како во европските така и во светските организации. Се пензионираше во 2015 година.
Сопругот, господин Питер е роден во 1945 година во Утрехт, Холандија. Се образувал да биде учител по историја, но никогаш не ја практикувал таа професија. Имаше 37 години кариера во банкарската индустрија. Тој се пензионираше во 2005 годинаи од тој момент, целосно и се посвети на најголемата љубов, речиси опсесија за патување и собирање информации, пред се, по балкнските земји, но и во Азија, Америка, Африка. Од тој момент, се повеќе и повеќе време можеше да биде надвор од својата земја. Во Македонија најчесто, во Охрид неколку пати годишно. -Се почна во 1962 година. Врз основа на нашиот заеднички интерес за Балканот и неговата музика, заедно, направивме многу патувања во балканските и централноевропските земји. Патувавме со автомобил до нови места, како и до места што претходно ги посетивме поединечно со јавен превоз. Анемиек е возачот за време на нашите патувања што не доведоа се до Западна Турција, вели Петар.
Неговата животна и пасионирна соптничка, додава дека, за време на празниците, уживала да патува, да запознава луѓе, да зборува други јазици. Сосема пристојно го владее и македонскиот јазик.
-Убав спомен е летото 1973 година на островот Хвар во поранешна Југославија. Разговаравме за нашиот живот, споделивме песни и партитури и се чувствувавме како во вечна забава!Југославија ме допре. Назад во Холандија започнав курс по српско-хрватски јазик и со поддршка на Универзитетот во Амстердам можев да следам јазични летни семинари во поранешна Југославија. Главен курс беа јазикот и литературата, но навечер пеењето беше обврзувачки фактор.И тогаш се заљубив како колекционер на традиционална народна музика, вели госпога Аннемик.
Оваа брачна двојка, предњачи пред сите холандски вљубеници во балканската традиционална народна музика! Велат го барале најдоброто. “А најдобра беше музиката од народот, традиционалната народна музика, а не „средената“ музика”. Патувале и навраќале во музичките продавнци, но и по селата, на селски свечености.
-Ако слушавме музика, се обидувавме да го најдеме потеклото. За време на викендите во лето имаше барем една свадба во секој град или село. А на свадбата биле поканети и „странци“ бидејќи тие се знаци за среќен брак. Ги сакавме песните, бендовите и танците. Тоа беше нашата музика, вели Петар.
-Знаењето за традиционалната народна музика и културното наследство нè доведе до места непознати во холандските празнични реклами. Посетата на музеи на отворено, етнографски музеи, збирки на традиционални инструменти и традиционални фолклорни фестивали. Во меѓувреме бевме во повеќе од сто музеи на отворено. Бевме во Копривштица, Бугарија во 1986 година; Гуча во Србија во осумдесетите и во 2015 година во Детва, Словачка. Тоа беше начин да се запознаете со типичниот звук на група луѓе кои свират на нивните инструменти додаваат соговорниците.
Господин Петар е неверојатен колекционер. На колекционерите им се потребни списоци. Списоци, вклучувајќи го она што сте го собрале и што е на вашата листа со желби. Еден колекционер сака да го има сето тоа, комплетно! Сето тоа со чести патувања, иако сега, во дигиталната ера, истрагата и контактот најчесто гомправат од дома и им е многу полесно.
Особено што Питер е технички и информатичкиот е добро поткован. Тој знае сè за складирање, чистење, дигитализирање на физичките извори и администрирање на колекционирање.
-Јас сум еден вид интернет „териер“. Адреналинот тече ако откријам нови факти за пејач, ансамбл, одредена песна, специфичен фестивал, или, ставка што се однесува на културното наследство. Нови информации за да разговараме и да уживаме.И второ јас сум тој што презема чекори за нови контакти и за одржување на музичките пријателства. Затоа што сакам страсни луѓе, ќе каже господин Питер.(Крај)
Веле Митаноски