Во Охрид, по вчерашното свечено отворање, продолжуваат активностите од четврттиот, по ред, Балканскиот поетски камп за деца и млади „Ванчо Николески“, во организација на Здружението за култура и литература “Мацково” од овој град.
Учесниците, млади авотри од Украина, Бугарија, Албанија, Хрватска и Македонија, денеска, активностите ќе ги започнат со посета и полагање цвеќе на вечното почивалиште на родоначалникот на македонската литература за деца, Ванчо Николески, а потоа продолжуваат со Поетската работилница, под водство на Ана Багрјана (Анна Багряна),украинска писателка, поет, драматург и преведувач.
Таа е поранечшен секретар на Националниот сојуз на писателите на Украина за работа со млади автори и главен уредник на списанието „Гранословие“. Преведува од словенски јазици. Составител и преведувач на „Антологија на современна поезија на Македонија“ на украински јазик.
Попладне,во Културниот центар 365, во старото градско јадро на Охрид, учесниците, ќе присуствуваат на промоција на две поетски збирки, од Димче Шипинкароски и Веле Митаноски, во издание на Феникс од Скопје.
Вечерта, ќе бидат повторно со учесниците на “Струшките вечери на поезијата”, на две манифестации, во предвопрјето и внатре во црквата Света Софија, Ин Мемориам: Радован Павловски и предавањето на поетскиот портрет на лауреатот на Златен венец, јапоснкиот поет Шунтаро Таникава.
Хит и сензација на годинешното издание на Кампот, е младата, надарена поетеса Оксана Чернеева, која пишува на украински и бугарски јазик. На звеченото отворање ја прочита песната “Галеб”, поздравена со воодушевување и аплауз, а како чин на солидарност со украинскиот народ.
ГОЛУБ
Я лечу над містом по колу
і знаю лише одне:
я – отой сірий голуб,
який нізвідки іде.
І немає у цьому нічого,
бо у небі я вигадав це.
Я лечу і лину по колу,
місто невпинно снує.
А я – сірий голуб і все.
Тоа го нагласува и претседателот Пендаровски, во Посланието до учесниците: Нивното учество, како и учеството на други автори со украинско потекло уште еднаш ја покажуваат нашата солидарност со народот на Украина, во овие најтешки мигови од нивната понова, а и историјата на Европа, потенцира Пендаровски.
Слични пораки пристигнаа и од покровителот на манифестацијата – Светската акдемија на поезијата при УНЕСКО, од Равена:
Балканскиот поетски камп за деца и млади „Ванчо Николески“ (26-28 август), кој ги обединува младите поети и писатели за деца, од различни земји на Балканот, особено оваа година од Украина, Бугарија, Албанија, Хрватска и Македонија. Оваа пријателска и креативна средба треба да послужи како пример за сите луѓе со добра волја, писатели и други балкански уметници, кои преку размена на своите идеи и креативни резултати, го потврдуваат сопствениот јазик и литература, овозможуваат и нумерички помалите нации, да бидат попознати и почитувани, порача во поздравното писмо генералниот секретар, д-р Лаура Троиси.
Утрешниот и последен ден, учесниците: Оксана Чернеева (Украина), Ана Багрјана (Украина), Димитар Христов (Бугарија), Тамара Спиркоска (Хрватска), Милутин Ѓуричковиќ (Србија), Сара Џелили (Албанија), Едина Мифтароска, Д-р Ана Петреска и Јована Граждани (Македонија),ќе го минат во селото Црвена Вода, на паданите на Караорман, родно место на Ванчо Николески, каде ќе ја посетат родната куќа и Спомен собата.