Охрид на светската политичка мапа
Српскиот претседател Александар Вучиќ, косовскиот премиер Курти, заедно со Брисел и Вашингтон, го одбраа Охрид како место каде ќе се направи обид за конечно решавање на косовското прашање, последната, или една последните, невралгични точки на Западен Балкан, после десолуцијата на Титова Југославија.
Ние, постарире новинари, кои сме проследиле значајни настани во Охрид и кои сметаме дека Охрид не создаде нас, како професионалци,а не ние него, во денешнииот ден и разговорите во вилата “Билјана,” изградена за југословенскиот водач Јосип Броз Тито, гледаме доста историја и симболика.
Кога западниот свет, детерминиран како “мегунаридна заедница”, прифатил да го одбере Охрид и да испрати свои високи претсетавници (Борељ, Лајчак, Ескобар}, најверојатно тргнал и од помислата дека тука се случи подготовката на Охридскиот рамковен договор. Важи за документ кој би можел да биде примерен за решавње на мегунационални и мегудржавни конфликти.
И симболил;ки и буквало, состанокот се одржува на истото место, туристичко-угостителскиоит комплекс “Инекс – Горица”, вилата “Билјана”, градот Oхрид. Ново е што прес – центарот денеска е сместен во хотелот “Инекс-Горица”, што е изграден уште еден резиденцијален објект- владината вила.
Во 1991 година, се разговараше во “Инекс Горица”, ние новинарите кои известувавме за целото време, се собиравме во хотелот “Инкс-Парк”, кој денес го нема. На негово место е изградена стамбена зграда, со станови за продажба, со пствена заградена плажа, од каде се избркани охригани. Ново е и тоа што денска хотелот “Инкс-Горица”се вика “Инкс-Олгица”, по им ето на сопругатра на сопственикот на објектот.
Но, тоа е тема за друга приказна, а ќе останe како еклатантен прим ер и илустрација на македонската криминална и нехумана приватизацвија на општествениот имот.
Стребата на Вуќиќ и Курти во Охрид, одмносно присустгото на европаските и високите претставници на САД, на сличен нчин како 2001-та, го стави Охрид на светската политичка мапа. Охригани треба да бидат горди на тоа и да ја проголтаат кнедлата што е немонивен декор на вакви високо ризични, од безбедносен аспект, средби и собири.
Не е пријатно градот да е два дена во своецидна окупација, но е корисно. Има и претерувања, но и тоа треба да се прими, иако е тешко да се разбере. На пример, зошто и по проагањето на поворката со ВИП-делегацијата, сообраќајот треба да биде блокиран ( ви двата правци!) уште десетина до 15 минути? И самоиот го сведочев ова утрово, кај Свети Ерљзмо.
Но, вреди да се истрпи.
На пример, после тоа беше наслада се чита како угледниот српски неделник “Данас”, во специјална репортажа за Охрид, го дефинира како македонски Ерусалимм и едно од најатрактивните и најпосакувани места на земјината кугла. Дава приказ за вилата “Биљана”, дефинирајќи ја како “најчувана и најмистериозна Титова летна резиденција”, кој го поткрепува со оригинални фотографии на Тито и неговата сопруга Јованка, на надезерската тераса сo величенстен поглед кон Охрид.
Уште од вчера српскиот национален сервис, РТС, известува со свој специјалчен известувач, од Приштина исто така допатуваа специјални ТВ екипи, а свои известувачи имаат Ал Џазеира, светските новински агенции.
Се на се неколку стоитини известувачи, што му даде шлагворт на Вучиќ дасе пошегува дека се дигнала мнигу врева за ништо и дека во Охрид нема да се случи ништио спектакуларно.
Во Охрид, се разбира, во улога на домаќини дипатуваа птретседателот Пендаровски и премиерот Ковачевски, што исто така влече публицитет.
Се на се, како известувач од Охрид за домашни и мегунаридни медиуми, од подоготовката на Охридскиот рамковен договор, пред двге децении, досега, немало собир од ваков медиски интерес.
Охрид пречекувал звезди од џт-сетот, од бизнисот, банкартвото, пречекувал крунисани глави, се до денешниот британски монар Чарлс, за што сме известувале, но друго е кога станува збор за собири од мировен карактер, особено, во сегашната ситуација на разбуктан воен судир во срцето на Европа, со ангажман на сите земји членки на ЕУ, заедно со САД, преку НАТО, во што, на одреден начин е инволвирана и нашата земја.(Крај)
Веле Митаноски