Пробиштип,24.03.2023
Во двете општински основни училишта „Никола Карев“ и „Браќа Миладинови“ во Пробоштип од пред три дена сите основци на часови одат во училиштни униформи. Овој проект е реализиран по идеја на градоначалникот Драган Анастасов, а е мошне позитивно прифатен од жителите на Градот на рударите.
-Заедно со училиштата го реализиравме овој проект со цел да се намали класната разлика меѓу учениците, да се зголеми еднаквоста, како и да дадеме приоритет на вредноста на образовниот и социјален развој на учениците, што впрочем е и основа кон која треба да се целиме, напиша на својот фб профил градоначалникот Анастасов.
Тој појасни дека униформи добиле близу илјада ученици, а за овој проект училиштата одвоиле околкуу два милиони денари од сопствените буџети.
Останува да се види дали оваа работа ќе биде прифатена и од други општини и дали и таму, барем кога е во прашање еднаквоста на децата во време коига тие се во своите училишта ќе стане наше убаво секојдневие.