Охрид, 03.05.2017
Полека, полека zoti Talat! Не мораше, баш, уште не седнат на спикерското столче, да ги разлетате орлите во кабинетот!? Политиката е уметност на можното и соодветното на моментот. Се друго е за религијата и фанатизмот.
Вака, ли, на лавот ќе му ги кубиме мустаците, како што тој ги кинеше канџите на орелот!? Што постигнавме, ако за извадениот заб, на трчаница, возвраќаме со вадење око!?
Емпатијата, е, господине Талат, универзална религија, од Христа Спасителот наваму. Зошто беспотребна иритација, во моменти кога на земјата, на нацијатата – во политичка смисла, разединета со конфликти, како лебот насушен и е потребно, да го врати чувството на заедништво, на одговорност над заедничката судбина.
Компромисите сами по себе не се лоша работа. Но, за тоа е потребен политички инстинкт, емпатија – како што ви напишав.
Вака ли ќе се издигнеме над ситните амбиции и тесните партиски калкулациии!? Вака, ли, ќе го исполниме пејсажот на нашите заеднички соништа!? Вака ли ќе ги положиме личните интереси за усовршување на несовршената нација!?
Зошто оваа брзаница!? Зарем, не научивме доволно од Тиранската платформа, со која на тиранијата и го продолживме векот, барем онолку, колку да дојдеме до пред вратите на пеколот!?
Мудроста е во моментот zoti Talat. Никој не го оспорува Законот за користење на симболите на заедниците. Но, сега, Платформата ќе биде “проширена и надградена” со знамето, сеедно што во 2008-та го донесовте заедно, со оние што сега “јаваат” на двоглавиот орел!?
Зарем Македонците не се молеа подеднакво како и Албанците, ако не и повеќе, за здравје и живот на комшијата од Струга, Зијадин Села!?
Полека, полека господине Талат!