Неделен возен ред на 1 јануари – билетарниците затворени, жичарницата ќе работи од 11 до 17 часот

ЈСП информира дека во вторник (31.12.2024 год) ќе се работи по редовен зимен возен ред.

Во среда (1.01.2025 год) јавниот превоз ќе сообраќа по неделен возен ред, при што на 1 јануари, првите вклучувања на возилата на ЈСП СКОПЈЕ и приватните превозници ќе бидат подоцна од воообичаеното, а останатите согласно неделниот возен ред.

Од четврток (2.01.2025 год) јавниот превоз ќе сообраќа по редуциран делничен зимен ред, кој ќе важи до крајот на зимскиот училиштен распуст.

Во среда (1.01.2025 год) билетарниците и центрите за персонализација, нема да работат. Од четврток (2.01.2024 год) продолжуваат со вообичаено работно време.

Жичницата на 31.12.2024 год ќе работи вообичаено, од 10 до 17 часот, а на 1 јануари од 11 до 17 часот.

Постави коментар

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе