ВМРО-ДПМНЕ преку интерни анкети ќе ги бара најдобрите кадри за градоначалници

Кочани, 01.02.2025

Владеачката ВМРО – ДПМНЕ на почетокот на месец февруари годинава ќе ја започне процедурата преку интерни анкети низ целата држава да дојде до имињата кои, согласно анкетите, се најомилени помеѓу граѓаните во локалните заедници за да се најдат на листата за избор на градоначалници кои ќе се одржат оваа есен.

-Се уште не сме почнале со реализирање на анкетите. До сега траеше внатрешно партиската и внатрешно коалициската процедура за номинирање на личности, и поради тоа ние се уште не сме во фаза на анкетирање, рече првиот човек на владеачката партија и премиер Христијан Мицкоски.

Општинските комитети на ВМРО-ДПМНЕ ќе предлагаат кандидати чии имиња ќе се најдат на анкетните листови, но правото да предалгаат кандидати за идни градоначалници си ги задржува и премиерот како и Извршниот комитет на партијата.

Премиерот Мицковски денес беше во Кочани  каде ги додели клучевите од становите во новата зграда наменета за социјално ранливите семејства во оваа општина.

-И јас лично како претседател на партијата но и Извршниот комитет, го задржуваме правото да предложиме имиња за кои мислиме дека треба да бидат дел од процесот на анкетирање, а кои имиња можат да бидат надвор од списокот кој ќе ни биде доставен од општинските комитети, појасни Мицковски.

Постави коментар

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе