Тошковски: Го зајакнуваме партнерството меѓу Македонија и Израел во доменот на безбедноста

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски деновиве со делегација на министерството за внатрешни работи е во посета на Израел, поканет од компанијата „Elbit Systems“, партнерот кој што е задолжен за унапредување на

техничките и безбедносни капацитети на МВР, особено на проектот „Безбеден град“.

„Оваа посета претставува значајна можност за размена на искуства и запознавање со најновите технолошки решенија што ги развива Elbit за справување со модерните безбедносни предизвици. Посебен фокус беше ставен на иновациите во заштитата на границите, урбаната безбедност и борбата против тероризмот, како и можностите за интеграција на напредни технологии во безбедносниот систем на нашата земја.“, потенцираше министерот Тошковски.

Министерот Тошковски го посети и Полицискиот контролен центар во Тел Авив, каде што се запозна со функционирањето на нивниот интегриран систем кој користи напредни алатки и автоматизирани процеси за брза реакција при безбедносни инциденти.

Во рамки на посетата министерот оствари средба и со првиот човек на израелската полиција, Рафаел Енгел, генерален директор во израелското Министерство за национална безбедност. На средбата се разговараше за зајакнување на соработката во областа на безбедноста и размената на добри практики во борбата против тероризмот и организираниот криминал.

„На средбата беше истакнато дека Македонија и Израел се две пријателски земји со заедничка посветеност на безбедноста и стабилноста, кои преку размена на знаење, искуства и технолошки решенија можат уште повеќе да ги унапредат своите безбедносни капацитети. Справувањето со терористичките закани и јакнењето на меѓународната соработка беа меѓу клучните теми на разговор, со акцент на потребата за превентивни стратегии и современи технолошки решенија кои обезбедуваат брза и ефикасна реакција во заштитата на граѓаните.“, посочи Тошковски

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе