ШТИП: „Секој еден може да е следен“, порака на средношколците од протестниот марш по улиците на градот

Штип, 17.03.2025

Четири ученици од Средното медицинско училиште „Јане Сандански“ во Штип ги загубија животите во стравотниот пожар во тнр, „дискотека“, а всушност штала од најдолен вид, во саботата навечер во Кочани.

Дамјан Даневски, Филип Ивановски, Драгана Минова и Стефанија Соколовска се имињата на настраданаите ученици, што беше повод нивните соученици денес да излезат на едночасовен протестен марш  низ.  градот.

„Денеска сме овде ќе ги сплотиме сите наши сили и ќе се бориме до крај, за сите наши другарчиња, за сите наши идоли, за сите наши колеги, родители ќе се бориме до крај. Ова нема да остане неказнето, сите мора да ја добијат својата казна“, порача ученичката Александра Вуканова.

Носејќи ги нивните слики учениците громогласно извикуваа слогани како: „Секој еден може да е следен“, Бараме правда за сите виновни“, „Државата тоне“ „Убиство“, „Смрт за корупцијата“. , во Штип се одржа едночасовен протест и марш. Почнувајќи од Градскиот плоштад „Слобода“, марширајќи низ улиците и застанувајќи пред зградата на Општина Штип, каде што извикуваа „Секој еден може да е следен“, „Убиство“.

Александра Вуканова ученичка во СОУ „Јане Сандански“-Штип во говорот на Градскиот плоштад „Слобода“ пред своите сокласници и ученици од другите средни училишта во Штип порача: „денеска сме овде ќе ги сплотиме сите наши сили и ќе се бориме до крај, за сите наши другарчиња, за сите наши идоли, за сите наши колеги, родители ќе се бориме до крај. Ова нема да остане неказнето, сите мора да ја добијат својата казна“.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе