Oдбележан Меѓународниот ден на акушерките

По повод Меѓународната недела на сестринството, на 5 мај се одбележува Меѓународниот ден на акушерките под мотото „Акушерки – критични во секоја криза”, информираат во Институтот за јавно здравје (ИЈЗ).

„Акушерството е една од најубавите, најодговорните и најхуманите професии, а најголемиот дел од нив својот празник 5 мај го поминуваат на своите работни места. Меѓународниот ден на акушерките е посветен за препознавање на суштинската улога што ја имаат акушерките, во обезбедувањето на сеопфатна грижа за време на бременоста, породувањето и постпарталниот период, нудејќи поддршка, образование и медицинска експертиза, поддршка на здравјето и благосостојбата на мајките, бебињата и семејствата, застапувањето за правата на здравјето на жените и намалувањето на стапките на смртност кај мајките и доенчињата“, наведено е во соопштението на ИЈЗ.

Овој ден, како што се наведува, ја нагласува важноста на акушерството во промовирањето на здрава бременост, зајакнување и информирање на жените да направат избор за нивната грижа и обезбедување на пристап на сите жени до квалификувани придружници во текот на бремњеноста и породувањето.

Меѓународната конфедерација на акушерки (ICM) претставува над 135 здруженија на акушерки во повеќе од 115 земји.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

Istok Press