Утре во Охрид, се одржува традиционалната манифестација „Езерска средба – Охрид 2025“

Во соорганизација со општина Охрид, Здружението на ветераните од одбраната и безбедноста на Република Македонија, преку секцијата со седиште во Охрид, утре, ја организира традиционалната манифестацијата „Езерска средба – Охрид 2025“.
Во охридската секција, делуваат и ветераните од општините: Дебрца, Струга, Вевчани, Дебар, Гостивар, Ресен и Битола.
Годинава, гости им се ветераните од Република Албанија, чија делегација ја предводи претседателот на националнагта асоцијација генерал, Тома Кондури, заедно со потпретседателот Енвер Ајдари, а во истата, покрај од Тирана, се и членови на локалните секции во Берат, Корча и Поградец.
Претседателот на секцијата во Охрид, потполковник Добре Велјаноски, денеска информираше, дека, гостите од Албанија ќе бидат пречекани уште во Струга, каде им се подготвува програма, која, мегу другото, опфаќа и посета на Природно научниот музеј “Никола Незлобински”.
Во Охрид, ќе им се придружи I претседателот на Републичкоот сојуз на здруженијата на ветераниод одбраната и безбедноста, професор Темелко Ристески.
Главните содржини се во кругот на некогашната касарна во Охрид, а се состојат од пригодни обраќања на Ристески, Кондури и Вељаноски, културно – уметничка програма, разгледување на Спомен соба на Шестата македонска ударна бригада, размена на мислења, договор за идни заеднички активности и слично.
За гостите од земјава и странство, ветераните од Македонија организираат посета и разгледување на културно-историските знаменитости во старото градско јадро на Охрид, како и заеднички ручек.
Нстанот е дел од заедничката програма на општина Охрид, за одбележување на традиционалната манифестација “Ден на Охридското езеро”.
Веле Митаноски

 

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

Istok Press