Не е точно дека Европската Унија „врши геноцид врз Македонија и македонскиот народ“

Не е точно дека Европската Унија е фашистичка творба и уште помалку дека таа „врши геноцид врз Македонија и македонскиот народ“, како што тоа сака да го прикаже објавата која е предмет на нашата анализа. Тврдењето дека Европската Унија е нацистичка и нејзиното поврзување со фашизмот е комплетно спротивно на реалните заложби и цели поради кои Унијата е воопшто формирана. Објавата што ја анализираме, е реакција на фактот што во извештајот за напредокот земјата, кој беше изгласан во Европскиот Парламент, со амандман беа отстранети од текстот термините „македонскиот јазик“ и „идентитет“. Тоа што во Извештајот не е содржана формулацијата „македонски идентитет и јазик“, не значи дека ЕУ врши геноцид, пишува „Вистиномер“

Во продолжение ви ја пренесуваме објавата во целост:

Анализираме објава на Фејсбук која вели:

ЕУ ФАШИСТИЧКА ТВОРБА ВРШИ ГЕНОЦИД ВРЗ МАКЕДОНИЈА И МАКЕДОНСКИОТ НАРОД!!!

Не е точно дека Европската Унија е фашистичка творба и уште помалку дека таа врши геноцид врз Македонија и македонскиот народ, како што тоа сака да го прикаже објавата која е предмет на нашата анализа.

Тврдењето дека Европската Унија е нацистичка и нејзиното поврзување со фашизмот е комплетно спротивно на реалните заложби и цели поради кои Унијата е воопшто формирана. Станува збор за политичка и економска унија на 27 земји членки примарно лоцирани во Европа, со политики кои обезбедуваат слободно движење на луѓе, проток на добра, услуги и капитал на внатрешниот пазар, заеднички политики за трговија агрикултура и регионален развој.

На 25.10.2018 година, Европскиот парламент објави дека е загрижен од зголемениот тренд на нормализација на фашизмот, расизмот и ксенофобијата и повика сите земји членки на Европската Унија да ги забранат неофашистичките и неонацистичките групи.

Членовите на Европскиот парламент ги охрабруваат националните влади ефективно да ги забранат неофашистичките и неонацистичките групи и сите други фондации и асоцијации кои го глорифицираат нацизмот или фашизмот.

Заложбите на Европската Унија не само што не се фашистички, туку и цврсто се темелат на антифашистички политики, препораки и дејствија.

Како авторитарна идеологија фашизмот ги носи обележјата – диктаторски лидер, милитаризам, насилно потиснување на опозицијата, верување во „природна општествена хиерархија“, подреденост на индивидуалните интереси за согледаното добро на нацијата или расата и силен режим на општеството и економијата. Овие обележја на фашизмот во Европската Унија се отфрлени и против нив ЕУ се бори и преку индивидуалните законодавства на посебните држави, но и преку разни конвенции, акции, институции итн.

Европската Унија наспроти фашизмот, ја слави културната различност и ја охрабрува соработката меѓу различните народи. Таа се стреми да го поттикне чувството за европски идентитет, истовремено почитувајќи ги националните идентитети. Фашизмот спротивно на ова, промовира хомоген национален идентитет и често се вклучува во агресивен национализам и ксенофобија. ЕУ се придржува до принципите на либерална демократија, човекови права и владеење на правото. Со ЕУ управуваат институции во кои одлуките се носат низ демократски процеси, при што земјите-членки имаат застапеност и збор во креирањето политики. Европскиот парламент се избира на демократски избори кои се одржуваат во земјите членки, а тој потоа ја избира Европската комисија.

Во фашистичките режими целта е да се создаде тоталитарна држава каде има една партија, се верува во „расна чистота и господарска раса“, а сето тоа е завиено со дискриминација и демонизирање некој „друг“ како што се Евреите, хомосексуалците, етничките малцинства или имигрантите. Овие идеи ги мотивираат фашистичките режими да вршат масакри, присилни стерилизации, депортации и геноциди. Фашизмот ги отфрла тврдењата дека насилството е негативно или бесмислено, наместо тоа ги гледа империјализмот, политичкото насилство и војната како средства за национално освежување. ЕУ и ЕК се борат и отворено стојат против антисемитизмот, присутен и до ден денешен.

Гледано според датумот на објавата што ја анализираме, таа е реакција на фактот што во извештајот за напредокот на Северна Македонија кој беше изгласан во Европскиот парламент со 461 глас „за“, 121 „против“ и 107 „воздржани“, со амандман беа отстранети од текстот термините „македонскиот јазик“ и „идентитет“.

Тоа што во Извештајот не е содржана формулацијата „македонски идентитет и јазик“, не значи дека ЕУ врши геноцид врз Македонија и македонскиот народ. Северна Македонија е независна и демократска држава која е членка на НАТО и земја аспирант за членство во ЕУ.

Нацрт-верзијата на извештајот, пред да бидат отстранети сите референци за „македонскиот јазик и идентитет“, претходно беше усвоена од Комитетот за надворешни работи (АФЕТ). Според Томас Вајц, европратеник и известувач за С. Македонија во Европскиот Парламент, некои бугарски пратеници го искористиле извештајот за домашни цели, а извештајот нагласува дека проширувањето треба да биде процес базиран на заслуги, врз основа на Копенхашките критериуми.

Ги повикувам сите политички партии во Северна Македонија да се вклучат во конструктивен дијалог за да се постигне потребниот консензус, што би го зајакнало мултиетничкиот карактер на земјата и би го забрзало напредокот во ЕУ. Како известувач, неуморно работев за добро избалансиран и непристрасен извештај за демократскиот напредок на оваа земја. За жал, некои бугарски европратеници го искористија извештајот за домашни цели, посочува во својата изјава Вајц.

Манипулации и шпекулации дека македонскиот јазик и идентитет се загрозени почнаа да се споделуваат на социјалните мрежи откако беше потпишан Договорот од Преспа со кој се реши долгогодишниот проблем со Грција околу уставното име на нашата држава.

Со Преспанскиот договор не се сменети македонскиот идентитет и македонскиот јазик.

Дека е тоа така може да се види ако се погледне содржината на Договорот  кој беше ратификуван и во Собранието. Во овој документ, со кој новото име на државата е „Република Северна Македонија“ за севкупна употреба со превод на сите јазици, нема ниту една одредба со која се загрозуваат македонскиот идентитет и македонската посебност, ниту, пак, се бришат термините „Македонија“ и „македонски“.

Со членот 7 (став 3) од Договорот се гарантира македонскиот идентитет и правото да се определуваме како Македонци. Во однос на Втората страна, овие термини („Македонија“ и „македонски“ , н.з.) ја означуваат нејзината територија, јазик, народ и нивните одлики, со нивната сопствена историја, култура, и наследство, кои се особено различни од оние кои се наведени во член 7, став (2). Согласно Договорот од Преспа термините: Македонец, македонска, македонски, се трајно заштитени и никој повеќе нема да може да ги негира или оспоруваанализираше „Вистиномер“ пред 5 години.

Согласно Договорот од Преспа термините: Македонец, македонска, македонски, се трајно заштитени и никој повеќе нема да може да ги негира или оспорува.

Од сето погоре можеме да заклучиме дека објавата која ја анализираме е невистина.

 

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

Istok Press