Штип, 20.07..2025
Според пишувањето на Имеџин Непал, Сашко Кедев утрово се искачи на врвот Гашербрум I (8.080 м) во Пакистан со што стана првиот Македонец и единствен во поширокиот регион кој ги освои сите 14 врвови над 8.000 метри и највисоките врвови на сите седум континенти..
Тимот на експедицијата G1 предводен од „Имеџин Непал“ денеска во 10.44 часот по локално време успешно се искачи на Гашербрум. Во тимот покрај Кедев, беа и Ванг Жонг од Кина и непалските алпинисти Дава Гјалје Шерпа и Нгима Нуру Шерпа.
– Врвот на Г1 на д-р Кедев го означува завршувањето на сите 14 осумилјадници – историски прв за Македонија!, стои во објавата на „Имеџин Непал“.
Достигнувањето на д-р Кедев го сместува меѓу најелитните алпинисти во светот. Со Г1, тој сега ги искачил сите 14 осумилјадници: Еверест, К2, Канченџунга, Лхоце, Макалу, Чо Оју, Дхаулагири, Манаслу, Нанга Парбат, Анапурна, Шишапангма, Брод Пик, Гашербрум II, а сега и Гашербрум I наведува „Имеџин Непал“.