Делчево, 20.09.2025
Со првиот едукативен час за пишување и илустрирање на детски афоризми и епиграми одржан во ООУ ,,Ванчо Прке” Делчево под менторство на Миле Ѓорѓијоски, сатиричар и Софија Ситновска започна „Сатирична Работилница за Деца”, подржана од Министерството за култура и туризам.
Преку овие работилници децата се воведуваат во тајните на пишување и илустрирање детски афоризми и епиграми. Покрај тоа пред децата се презентира и глаголицата. Веќе во понеделник, 22 септември, едукативни часови ќе се одржат во ООУ ,,Климент Охридски” Делчево, а потоа едукативни часови ќе се одржат пред учениците од Крива Паланка, Охрид, Кичево, Радовиш и Кочани.
Првите одржани часови потврдија дека учениците од основните училишта покажуваат голем интерес за пишувањето и илустрациите на детските епиграми и афоризми, како и за глаголицата. По завршувањето на овој проект од најуспешните илустрации ќе се направи изложба и ќе се испечати една сликовница.