Бесплатен влез на сите претстави на фестивалот „Under 600“ – првиот фестивал на независна театарска продукција

„Штрих“ соопштува дека стартуваат резервациите на билети за фестивалот на независен театар „Under 600“, кој ќе се одржи од 25 до 28 септември во Скопје. Настанот, поддржан од British Council и РИКО, ќе понуди 12 претстави и богата дополнителна програма, сè со бесплатен влез за публиката.

Одлуката за бесплатни билети, како што велат организаторите, произлегува од мисијата на фестивалот да го доближи независниот театар до пошироката публика. Поради ограничените капацитети на алтернативните сцени каде ќе се изведуваат претставите, публиката се охрабрува навремено да направи резервации.

Програмата ќе се одвива на различни локации низ Скопје, вклучувајќи нетрадиционални простори како кафулиња, галерии и јавни места. Освен театарските изведби, најавени се и работилници за млади, панел-дискусии со регионални уметници и настани со авторите.

Фестивалот е создаден во соработка со „Дах театар“ од Србија и „Корифеј театар“ од Црна Гора, со цел зајакнување на независниот театар во регионот на Западен Балкан. Организаторите најавуваат дека Скопје во текот на четирите фестивалски денови ќе прерасне во простор за прослава на слободното уметничко творештво.

Целата програма е достапна на веб-страницата и официјалните социјални мрежи на фестивалот.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

Istok Press