Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против државјанин на Романија, кој е осомничен дека во Скопје извршил тешка кражба. Осомничениот 41-годишник, во март годинава во Ѓорче Петров, на дрзок начин и со сила одзел златен ланец со крст од еден оштетен, тргајќи му го од вратот, а од неговата куќа одзел 2.500 денари, со што го оштетил за износ од 11.500 денари.
Имајќи предвид дека станува збор за странски државјанин без регулиран престој во државава, јавниот обвинител оцени дека постои опасност од бегство и до Судот достави предлог за определување мерка притвор.