KOЧАНИ: Попладнево промоција на монографијата за Костин Дол, село што постои уште само на географските карти
Кочани, 01.10.2025
Денес, во 17 часот во НУЦК „Бели Мугри“ ќе биде опромвирана монографијата под наслов „Костин Дол, село што постои уште само на географските карти“.
Монографијата е авторско дело на тандемот Јане Атанасов-Славица Цветкова, автори чиј ракопис е вткаен и во монографијата посветена на една од најмаркантните кочански личности Тодосија Паунов, легендарниот директор на Атом-Кочани кој, во еден мандат ја извршуваше и функцијата градоначалник на Кочани, како и на книгата „10 години вечер на Македонскиот афоризам-Кочани“.
Според Јане Атанасов, еден од авторите на монографијата, Костин Дол, село сместено во Осоговските планини, источно од зимскиот туристички центар Пониква денес е село во кое живеат само двајца постари жители брачни партнери.
Во некои поубави години Костин Дол имал 300 жители и основно училиште.
Во селото постои убав манастир кој секоја година, на 14 септември, е посетен од голем број верници, најмногу од луѓе чии корени се од, како што убаво нотирале авторите, село кое што постои уште само на географските карти.