Од скопските студентски домови, слободни места има само во „Томе Стефановски-Сениќ“

Студентите кои немаат сè уште немаат сместување, а се на студии во Скопје, можат да се пријават за легло единствено во домот „Томе Стефановски-Сениќ“ во Автокоманда, бидејќи само таму има место, информираат во Министерството за образование и наука (МОН). Освен овој дом, слободни места им и во „Кочо Рацин“ во Битола, во „Никола Карев“ во Охрид, во „Oрде Чопела“ во Прилеп, како и во двата штипски дома „Логос“ и „Хилјадников“.

„Од денеска е отворена можноста за пријавување на студенти за сместување во студентски домови, каде што останаа слободни места по Конкурсот за прием на студенти запишани на додипломски студии во државните и приватните студентски домови во Република Северна Македонија за студиската 2025/2026 година. Сите заинтересирани студенти можат да аплицираат најдоцна до крајот на тековниот месец. Критериумите и условите за аплицирање се идентични како и при првото пријавување, а можат да се погледнат овде“, наведено е во известувањето од МОН.

И годинава имаше метеж пред студентскиот дом „Гоце Делчев“, каде што примените студенти чекаа во долги редици за да може да се вселат. На 9 септември, кога започна вселувањето, со документи, торби и куфери во раце, стотици студенти чекаа ред пред студентскиот дом „Гоце Делчев“ за да можат да се вселат во нивните соби.

И годинава како и минатите, вселувањето и приемот на нови станари не се дигитализирани, па примените кандидати беа принудени физички да чекаат ред со часови, додека стасаат до своите легла.

Мета поразговара со некои од студентите, кои рекоа станале во 4 часот за да стасаат на време.

„Сите овие студенти што ги гледате овде, чекаат ред само за да земат документи. Нè чинеа 500 денари. Откако ќе ги земеме, треба да ги пополниме и да ги однесеме кај управникот. Цело утро сум овде, многу бавно се одвива сè. Лани стасав на ред дури во 18 часот навечер, а чекав од 9 утрото. Добредојдовте во Македонија“, револтирано ни кажа една студентка.

Повторно редици пред студентскиот дом „Гоце Делчев“, од дигитализацијата нема абер

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

Istok Press