Полицијата го уапси возачот кој удри 11 годишно дете и побегна. Како што информира Министерството за внатрешни работи, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Б.Р. (59) од Скопје.
Тој пред три дена на улицата „Перо Наков“ со возило удрил детето и го напуштил местото на настанот. Во несреќата малолетничката се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Б.Р. по наредба на јавен обвинител е задржан во полициска станица, а по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

 
			