Во Белград лишен од слобода Саит Саитов лицето кое прегази жена во Скопје и веднаш избега од државата

На 11.02.2026 од страна на надлежните служби во Србија, Белград е лишен од слобода Саит Саитов од Скопје, кој се бараше со меѓународна потерница, распишана од македонското МВР, кој изврши тешки кривични дела „против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ и „неукажување на помош на лице повредено во сообраќајна незгода“, за кривично-правен настан кој се случи во Скопје на 09.01.2026.

Несреќата се случи во скопската населба Капиштец каде 18 годишниот Саит Саитов и неговиот татко Б.С. (45) од Скопје со возилото на татко му ја удри во Љ.Ј. (79) од Скопје, која почина од здобиените повреди, а тој со возилото избега од местото на настанот. Веднаш СВР Скопје поднесе кривична пријава против четири лица во врска со сообраќајната несреќа која се случи вчера на улицата „Народен фронт“ во Скопје околу 11:30 часот, во која патничко возило „фолксваген пасат“ со скопски регистарски ознаки

Веднаш по несреќата Саит Сатиов, и неговиот татко ја напуштија државата. Иако МВР преку камерите на „Безбеден Град“ веднаш имаа утврдено за кого се работи, имаше неколку дневен период кога не сакаа да го откриваат идентитетот на лицата. Тоа беше најчудниот момент поради тоа што имаше расипашно меѓународна потерница.

На Саитов му е одреден екстрадициски притвор и следува постапка помеѓу министерствата за правда на двете држави, со цел негово екстрадирање во Македонија и изведување пред лицето на правдата и негово соодветно санкционирање.

Возачот што ја прегази жената во Капиштец побегнал од државата, МВР распиша потерница

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

Istok Press