Штипскиот безистен ќе се наполни со измет!

Штип, 14.06.2017

Пукната канализација од задната страна во дворот на штипската уметничка галерија Безистен  четврт ден се излева, а прашање на часови е кога, во текот на денов, човечкиот измет ќе се најде во внатрешноста на објектот. Безистенот е во центарот на градот, а од фекалиите се шири несносна миризба.

^E04337EFB355C56DBC7EE6CD8C955D39295D02271708225FD9^pimgpsh_fullsize_distr            -Пријавивме пред два дена во ЈП „Исар“ од таму ни рекоа дека чекале некаква дозвола за да можат да го решат проблемот. Не е јасно зашто ургентно не се реагира бидејќи е ова центар на Штип, а Безистенот е градба од посебно историско и културно значење не само за Штип и Македонија туку за светската цивилизација, коментираа граѓани кои работат во близина на тој простор.

По четири дена ургенции, денес околу 9,30 часот го видовме специјалното возило на ЈП „Исар“ пред безистенот, но луѓето и возилото бргу си замниаа без да ја завршат работата. Која беше причината, не ни е познато но познат е фактот дека фекалиите од канализацијата продолжија да си течат и опасно да и се закануваат на уметничката галерија.

И ова е само една од многуте приказни за тоа како ЈП „Исар“ (не) се грижи за градот, иако на локални медиуми директорот и раководители секој ден се фалат со своите успеси.

 

 

Постави коментар

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе