Доктор Ефтимова: Да се грижиш за здравјето и животот на човекот е најважната работа на светот

Штип, 17.02.2026

Проф. д-р Билјана Ефтимова, специјалист анестезиолог во Клиничка болница Штип, професор изминала долг, макотрпен пат, исполнет со многу учење, пот и солзи во остварувањето на својата поставена цел – да биде лекар кој ќе им помага на пациентите во нивните најтешки моменти.

Нејзиниот животен и професионален пат е тесно поврзан со медицината и со луѓето. Родена во Штип, каде што го оформувам своето основно и средно образование, кое го завршувам со одличен успех. Средното образование и факултетот ги завршив со јасна цел – да бидe лекар кој ќе им помага на пациентите во најтешките моменти. Ги завршува студиите на Медицински факултет во Скопје и се вработувам во ЈЗУ Клиничка болница – Штип во 1986 година. Три години подоцна ја започнува специјализацијата по анестезиологија со реанимација и интензивна медицина, – област која бара целосна посветеност, континуирано учење и огромна одговорност и истата ја завршува со успех во декември 1993 год.Во 2002 година се стекнува со звањето примариус.

Приказната е за проф.д-р Билјана Ефтимова, која работи како специјалист во Клиничка болница- Штип,раководител на службата за анестезија,реанимација и интензивно лекување. Таа е и професор и раководител на Катедрата по анестезиологија со ургентна медицина и интензивно лекување на Факултетот за медицински науки при Универзитетот ,,Гоце Делчев” во Штип.

Во нејзината досегашна научна работа, доктор Ефтимова, како автор и коавтор, има публикувано и презентирано голем број научни трудови како во земјава така и во странство. Учесник на повеќе конгреси, семинари и симпозиуми во земјава и надвор од неа од областа на анестезиологијата и реанимацијата и има перманентен и континуиран стручен развој од специјализирањето па сѐ до денес. Посебно импресионира присуството на големиот број странски и домашни форуми за континуирана постдипломска едукација.

СИЛНА ПОРАКА: Сакам да им порачам на сите дека човечноста, добрината и професионалната етика се вредности што никогаш не излегуваат од мода. Благодарна сум што сум дел од една професија која секојдневно дава смисла на животот.

Денес оваа импресивна докторка е специјалист, мајка, сопруга и баба, а вели дека сите овие улоги ја исполнуваат и ја прават посилна личност. –„Најважната работа на светот – да се грижиш за човечкиот живот- ја работам со години, со иста љубов како и првиот ден“ вели д-р Ефтимова.

-Љубовта кон професијата, љубовта кон анестезиологијата се роди природно – од желбата да бидам присутна таму каде што пациентот е најранлив и најзависен од лекарската помош. Оваа професија не е многу видлива за јавноста, но е клучна за секоја успешна медицинска интервенција. Верувам дека токму таа тивка, но суштинска улога е причината поради која луѓето ме препознаваат и ми веруваат, укажува докторката.

За неа медицината не е само наука – таа е и љубов, и посветеност, и емпатија. –„Таа (медицината) е човечка приказна исполнета со надеж, но и со болка. Да, има моменти кога и ние лекарите сме погодени и понекогаш и пуштаме по некоја солза – кога, и покрај сите напори, исходот не е оној што сме го посакувале. Но токму тие моменти нè прават похумани и нè потсетуваат зошто сме ја избрале оваа професија“, коментира д-р Ефтимова.

-Студии, напор и кризи. Патот до ова ниво беше долг и тежок – години студии, специјализација, дежурства и постојано усовршување. Имало моменти на замор и преиспитување, но никогаш момент кога навистина сум сакала да се откажам. Секој пациент, секој спасен живот, секој збор на благодарност беше доволна мотивација да продолжам понатаму, вели нашата соговорничка.

За посветеноста со која си ја работи одговорната работа, проф.д-р Ефтимова годинава го доби признанието „Свети Никола“ кое го доживува како огромна чест и обврска. Длабока е трогната од малиот милион позитивни реакции на луѓето. „Тие реакци само ми потврдија дека трудот, искреноста и човечноста секогаш се препознаваат. Таа синергија помеѓу лекарот и народот е најголемата награда за секој медицински работник“. емотивно и отворено зборува д-р Билјана.

Таа си го сака својот Штип и верува дека живее во убав град со вредни и искрени луѓе.

„Ова што во последните неколку години е постигнато и направено навистина го прави Штип убаво место за живеење.Горда сум на хуманоста и солидарноста што штипјани ја покажуваат, особено во тешки моменти. Секако, секогаш има простор за напредок, но верувам во потенцијалот на нашиот град“, коментира познатата докторка.

Проф.д-р Билјана Ефтимова ја користи приликата за да испрати една силна порака до граѓаните.:

-Сакам да им порачам на сите дека човечноста, добрината и професионалната етика се вредности што никогаш не излегуваат од мода. Благодарна сум што сум дел од една професија која секојдневно дава смисла на животот.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

Istok Press