Сончеви денови и суво време: Пролетни температури до 20°C во Македонија

Времето во Македонија овие денови, повеќе ќе наликува на рана пролет отколку на доцна зима. Наместо студ и облаци, следуваат денови исполнети со сонце, стабилност и температури кои значително ќе ги надминат вообичаените вредности за овој период од годината.

Под влијание на топла и сува воздушна маса што продира од југ, времето ќе биде претежно ведро, со минимални услови за врнежи. Атмосферата ќе се стабилизира, а студените утра ќе бидат заменети со пријатни дневни температури кои на повеќе места ќе потсетуваат на април.

Најтопло се очекува во Повардарието и во југоисточниот дел од земјата, каде живата во термометарот ќе се доближува до 20-тиот степен. Овие вредности се значително над просекот и ќе донесат вистинско пролетно чувство во средината на февруари.

Топлиот бран нема да ја заобиколи ниту Европа. По подолг период на врнежи и нестабилни временски услови, голем дел од континентот, вклучително и Балканскиот Полуостров, ќе почувствува олеснување, повеќе сончеви интервали и осетно повисоки температури од вообичаените.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

Istok Press