Научниците открија: Комарците не бираат случајно, имаат систем за напад

Научниците откриле дека комарците не напаѓаат случајно, туку користат комбинација од сигнали како што се визуелни фактори и јаглерод диоксид за да ги пронајдат луѓето.

Истражувањето, спроведено од тимови од Технолошкиот институт Џорџија и Масачусетскиот технолошки институт, анализирало милиони податоци и покажало дека секој комарец реагира индивидуално, а не ги следи другите.

Со помош на 3Д инфрацрвени камери, научниците откриле дека комарците одлучуваат каде да летаат како мали роботи, следејќи одредени правила.

„Како преполно кафуле е. Гостите не се таму затоа што се следеле еден со друг, туку затоа што ги привлекуваат истите фактори – пијалокот, музиката и атмосферата. Истото важи и за комарците. Наместо да го следат водачот, тие следат сигнали и случајно пристигнуваат на истото место како и другите“, објасни професорот Дејвид Ху од Технолошкиот институт во Џорџија.

Овие сознанија може да помогнат во развој на подобри методи за контрола на комарците, особено оние што пренесуваат болести како маларија.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

Istok Press