Охрид доби спомен парк посветен на хероите од Шестата бригада и генерал Михајло Апостолски

На просторот на поранешната касарна во Охрид, денес на пладне, свечено беше откриен нов спомен-парк посветен на хероите од шестата македонска бригада и легендарниот генерал Михајло Апостолски.

Со оваа просторна и значајна меморијална инцијатива, се оддава вечна почит на борците чии животи и храброст ја обликуваа слободата на нашата држава. Спомен-паркот ќе остане траен сведок на нивната жртва, инспирација за идните генерации и потсетник дека храброста и пожртвуваноста никогаш не се забораваат.

Отворањето на паркот е реализирано по иницијатива на Здружението на ветераните од одбраната и безбедноста на Република Македонија, огранок Охрид, со силна поддршка од локалната самоуправа, која го препозна значењето на ова дело за културното и историското паметење на градот.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

Istok Press