Пилиповиќ: Горд сум на оваа победа во Грција, но ова беше само прво полувреме

Кристијан Пилиповиќ беше фантастичен на голот на Охрид во вчерашната голема победа над Олимпијакос во Атина во првото четвртфинале од Европскиот куп. Охриѓани со победата од пет голови разлика сериозно зачекорија кон полуфиналето, но голманот на „гладијаторите“ вели дека се уште ништо не е готово.

„Прво сакам да им честитам на моите момци, во овој меч влеговме ненормално машки. Не покажавме респект на нивните навивачи и на нивниот терен. Тоа е многу важно кога играте европски натпревар на гостински терен. Многу сум задоволен како го одигравме натпреварот и навистина можеме да бидеме горди. Но ништо не е готово. Ова е само прво полувреме. Олимпијакос е многу квалитетна екипа и мора да бидеме на 120% и на реваншот за да можеме повторно да направиме позитивен резултат“, изјави голманот на Охрид, Пилиповиќ.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

Istok Press