Парадата на познати личности на црвениот тепих во Кан не разочара ниту оваа година. Бројни убавици имаа можност да ги покажат своите најдобри изданија, но сите паднаа во втор план кога се појави актерката Деми Мур. Се чини дека таа е кралицата на овогодинешниот црвен тепих, бидејќи секој нејзин изглед досега беше чиста фантазија.
View this post on Instagram
На премиерата на филмот „Paper Tiger“, актерката носеше нереална креација од францускиот дизајнер Матие Фекале во боја на циклама. Станува збор за фустан со крој на принцеза, украсен со минимализам, но и со еден интересен детаљ – преголема машна.
View this post on Instagram
Актерката се одлучи за едноставна шминка која ги истакнуваше нејзините црти на лицето, а за накит, носеше обетки од брендот „Chopard“.
View this post on Instagram
Што се однесува до фризурата, таа избра лабави бранови кои го даваа тој „wow“ ефект, без премногу труд во стилизирањето. Фотографиите од таа вечер се појавија на интернет, а нејзините обожаватели ѝ кажаа дека навистина изгледа како кралица.
