Кошаркарите на ТФТ и Пелистер денеска со почеток во 12 часот го играат својот последен овосезонски натпревар, во салата во скопско Маџари ќе ги одмерат силите во мајсторката од „малото финале“ за освојување на третото место во плејофот.
„Пелистерци“ минатиот викенд како гости го совладаа ТФТ во истата сала, но потоа ја пропуштија можноста на домашен терен да слават со 2-0 во оваа серија и да се закитат со бронзата. Тој триумф на ТФТ во Битола значеше и мајсторка во Скопје за утврдување на победникот во оваа серија, дуел за кој „зелено-белите“ се подготвуваат.
„ТФТ е ривал што го почитуваме, но исто така и ривал кого два пати го победивме во последните триесетина дена. За жал, не успеавме да ја завршиме работата претходниот дуел во Битола, но желбата останува иста – да се слави уште еднаш над овој ривал и да се стигне до третото место. Поседуваме и квалитет и искутво за такво нешто, сакаме со победа да ја заокружиме оваа сезона“, порачуваат кошаркарите на Пелистер
The post Последна битка на ТФТ и Пелистер за „бронзата“ appeared first on sportsport.mk.
