Околу 1.000 дечиња со неверојатна енергија се натпреваруваа на „Денот на спортот“ во Кавадарци. Овој инспиративен спортски настан се одржа во рамките на Плазма Спортските игри за млади, кои за првпат оваа година ја носат својата магија и во Македонија.
На секој агол од терените владееше возбудлива атмосфера, исполнета со насмевки, фер-плеј и спортски дух. Од Кавадарци беше испратена силна и јасна порака – спортска Македонија има светла иднина.
Младите „симовци“ се натпреваруваа во омилените дисциплини: Coca Cola Cup 2011, мал фудбал (2015 годиште), баскет 3х3, одбојка, традиционалната народна игра и секако атлетика, која секогаш буди посебна енергија кај најмладите.
