Вчера видовме многу работи за време и по маестралното финале на грчкото кошаркарско првенство, во кое Олимпијакос го победи Панатинаикос на домашен терен со 89:85 и со тоа ја одбрани титулата.
Тајрик Џонс од Олимпијакос направи срамен потег по натпреварот кога го удри најдобриот играч на „зелените“ Кендрик Нан, откако двајцата беа исклучени поради тепачка на крајот од третата четвртина.
Денес, грчките медиуми донесуваат нови информации за Нан, и велат дека Американецот скршил ребро во дуел во втората четвртина и дека играл со големи болки до неговото исфрлање.
Патем, поради настаните по натпреварот, двата тима најавија тужби против вклучените. Олимпијакос против Нан и Матијас Лесор, а Панатинаикос против Џонс.
