Трите најголеми заблуди за кремите за сончање: Не се доволни да ве заштитат од УВ зраци

Проблемот е што никој не нанесува доволно крем за да го постигне SPF факторот означен на шишенцето.

Иако денес сме повеќе од кога било свесни колку можат да бидат штетни сончевите зраци, сè уште постојат многу митови поврзани со препаратите за заштита од сонце и кремите за сончање.

Дерматолозите и козметичарите ги откриваат 3-те најчести митови за кремите со заштитен фактор:

Мит 1: Кремата за сончање е доволна заштита од сонцето

Препаратите за сончање со заштитен фактор се исклучително моќен фактор во одбраната од штетните ефекти на ултравиолетовото зрачење, но дерматологот проф. д-р Стивен Нелсон од клиниката Мејо тврди дека повеќето луѓе воопшто не нанесуваат доволна количина крем за да го достигнат нивото на заштитен фактор означено на шишенцето, пишува Women’s Health.

Затоа е важно да избегнувате директно изложување на сонце колку што е можно повеќе помеѓу 11:00 и 16:00 часот, кога сончевото зрачење е најсилно.

На плажа, заштитете се со чадор за сонце, а кога шетате низ градот, носете шапка и лесна облека што ја покрива кожата. Не заборавајте да нанесувате крем со заштитен фактор на лицето секој ден пред да излезете од дома.

Мит 2: Кремите за сончање се опасни бидејќи се апсорбираат во крвта

Вистина е дека некои хемиски УВ филтри може да се најдат во крвта по нанесувањето, но тоа не значи дека се штетни. Претходните истражувања не покажаа дека го зголемуваат ризикот од рак или го нарушуваат хормоналниот статус кај луѓето. Најчестите несакани ефекти се можна иритација или алергиска реакција на кожата.

Користењето крема за сончање генерално не води до недостаток на витамин Д, бидејќи повеќето луѓе не нанесуваат доволно крема за сончање за целосно да ги блокираат УВ зраците.

Мит 3: Кремите за сончање го блокираат производството на витамин Д

Користењето крема за сончање генерално не води до недостаток на витамин Д, бидејќи повеќето луѓе не нанесуваат доволно крема за сончање за целосно да ги блокираат УВ зраците.

Ако има недостаток на витамин Д, подобро решение е исхрана богата со витамин Д или додатоци, отколку изложување на сонце без заштита.

фото/Depositphotos

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

Istok Press