УЕФА нема милост, Вардар оди по стаклени скали

Одлуката да биде ФК Вардар казнет со 250.000 евра поради „двојна“ документација со договори на одредени фудбалери е џек-пот за клубот од Скопје. Од Нион кога станува збор за финансискиот фер-плеј се премногу ригорозни, а паричната казна е одлична за „црвено-црните“ со оглед на тоа дека во минатото на одредени клубови беа „исфрлани“ од натпреварувањата на УЕФА.

Двојни сметки, двојни, договори…. Нереден е Вардар околу финансиите и проблем кој с еталожел во клубот со години и години. Јавно е кажано дека оваа казна Вардар ја добива откако двајца фудбалери Дарко Глишиќ и Мартин Блажевски не успеваат да се договорат со клубот па правдата ја бараат од највисоките спортски инстанци како УЕФА и ФИФА. Тука паѓаат матните игри кои рака на срце ги има и во другите екипи од земјава но ете таму во случај на спор, истиот се решава на маса и без да има интервенција од меѓународните институции.

Како и да е…. Вардар сега е под сериозна лупа, оди по стаклени скали но исто и ФФМ која ја дава лиценцата за настап на клубот на меѓународна сцена. Не е ни чудо УЕФА да прати во периодот кој следи финансиска инспекција кај првакот на Македонија, кој летово ќе заработи минимум 1.100.000 евра токму од УЕФА.

Загрижува опомената, Вардар има и други случаи

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

Istok Press