Домаќинот на тековниот Мундијал, репрезентацијата на Мексико во иднина ќе има нов селектор. Мексиканците синоќа во рамките од осминафиналето на легендарниот стадион Ацтека загубија од Англија со 2:3, и се елиминирани од понатамошните борби, што значеше и автоматско заминување на досегашниот кормилар Хавиер Агире.
Искусниот 67. годишен фудбалски стручњак едноставно одбележа еден сериозен период на оваа селекција, која што се обиде да направи сензација како домаќин но не успеа, но не се ни посрамоти. Одигра машки и квалитетно.
„Си заминувам со многу гордост на она што го направивме“ – кратко изјави Агире по синоќешниот меч.
Со заминувањето на Агире, автоматски на негово место доаѓа Рафа Маркез, легендата на мексиканскиот фудбал.
